Донфрид: САД се надеваат на позитивно решение за кандидатурите на Шведска и Финска за во НАТО
САД се надеваат дека наскоро ќе има позитивно решение за прашањата меѓу Турција, од една страна и Финска и Шведска, од друга, во врска со напорите на двете нордиски земји да се приклучат на НАТО, изјави главната дипломатка на Стејт департментот за Европа.
Помошничката секретарка за Европа и евроазиски прашања, Карен Донфрид, зборувајќи на сослушувањето во Сенатот за надворешни односи, истакна дека САД „притискаат“ сите страни да постигнат договори за тоа прашање, пред самитот на НАТО следната недела во Мадрид.
Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина. Нивните кандидатури наидоа на противење од страна на Турција. Земјата се лути, како што тврди, поради поддршката на Хелсинки и Стокхолм за курдските милитанти и ембаргото за оружје за Анкара.
Лидерите на НАТО ќе имаат средба во Мадрид на 29 и 30 јуни. За членство во НАТО потребна е согласност од сите 30 членки. Турција е сојузник на НАТО над 70 години и ја има втората по големина армија на Алијансата.
Претходно неделава, по разговорите со највисоки претставници на Шведска, Финска и на НАТО, високи турски застапници не изразија исто чувство за итност како Донфрид. Според нив, самитот на НАТО не е краен рок.
Секој напредок во нордиските напори за членство, „зависи од правецот и брзината со што земјите ќе ги преземат чекорите“, подвлече портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин.
Ново на Сител
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
