-->
-->
Доналд Трамп инспирација за негативецот од „Враќање во иднината“
-->
Главниот негативец од познатиот блокбастер „Враќање во иднината“, Биф Танен, е работен според ликот на републиканскиот претендент за претседателски кандидат Доналд Трамп, обелодени сценаристот на филмот Боб Гејл.
Во интервју за он лајн весникот „Дејли бист“, Гејл рече дека њујоршкиот магнат послужил како инспирација за лутиот непријател Марти Мекфлај, кој во вториот дел на филмот е прикажан како сопственик на 27-катно казино чија желба е да стане владетел на фиктивниот калифорниски град Хил Вали.
На констатацијата дека казиното на Танен многу личи на хотелот на Трамп Плаза во Атлантик Сити, кој е изграден пет години пред да е снимен филмот, Гејл наведе дека „тоа е намерно направено“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје