Донација од општина Чаир за погодените од невремето во Тетовско

Дополнително, советниците и градоначалникот одлучија и лично да придонесат за собирање на неопходната помош, донирајќи ги своите месечни надоместоци (паушали) за одржување на седниците, односно платата.
- Со голема болка сочувствуваме со семејствата на жртвите на оваа несреќа што го погоди Тетово и околните населени места. Се надевам дека средствата што ги издвоивме ќе придонесат да се обезбедат одредени неопходни потреби за жителите на кои поплавата им ги уништи домовите и им нанесе големи материјални загуби, страдање и болка. Воедно сакам да искажам благодарност кон сите поединци кои помогнаа во справувањето со последиците од непогодата, како и на јавните претпријатија и институции, а особено на Град Скопје, кои го прифатија нашиот апел и ја обезбедија неопходната опрема и механизација за расчистување на теренот, истакна Меџити.
Тој додаде дека Општина Чаир, во рамки на своите можности, останува на располагање за секаков вид помош и поддршка што ќе придонесе за брзо нормализирање на состојбата, во Тетовско.
Обезбедените средства, како што посочуваат од општина Чаир, ќе бидат наменски употребени за неопходните основни потреби на жителите од погодените подрачја во Тетовско, преку хуманитарната организација „Ел Хилал“. вг/16:38
Ново на Сител
-

Младите наместо пред телефони да спортуваат
-

Во Прилеп за прв пат се одржа хуманитарната трка „Трка со срце“ на 5 и 10 км
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
