-->
-->
Донација од Асоцијацијата на здруженија на превозници Исток
-->

Асоцијацијата на здруженија на превозници Исток апелира до превозниците во цела Македонија и ги повикува да се вклучат во хуманитарните акции за помош на жителите на поплавените подрачја во Скопје.
- Асоцијацијата Исток, како долгогодишен учесник во хуманитарни акции, и овојпат се вклучи во акцијата за помош на семејствата од поплавените подрачја и донираше 10.500 литри вода за пиење. Исто така, Асоцијацијата Исток стави на располагање возило коешто активно ќе сообраќа на релација Плоштад – Стајковци и обратно и ќе врши превоз на доброволците кои учествуваат во расчистување на поплавеното подрачје, изјави Горан Трпковски, претседател на Асоцијација Исток, кој во име на превозниците упати сочувство до семејствата на настраданите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
-

Локализиран пожарот кај Јабланица
-

Турската бања во Прилеп стана опасност за граѓаните, делови од ѕидот секој момент може да се урнат
