Донација и експертска помош од Израел за поплавите во Скопскиот регион
Амбасадорот на Израел во Македонија, Дан Оријан и израелски експерти денеска и утре во Скопје ќе спроведат акции за помош на Македонија во борбата против последиците од големото невреме и поплавите кои го погодија Скопје минатиот месец.
Амбасадорот Оријан денеска ќе предаде донација со градежни материјали на претставници на месната заедница на Стајковци, по што со израелските експерти ќе направат увид на најоштетените локации. По тие активности на Скопски саем, во организација на амбасадорот е најавен работен состанок помеѓу израелскиот експертски тим и претставници на министерствата за животна средина и просторно планирање и за транспорт и врски, градоначалници и нивни стручни тимови од повеќе градови на Македонија. Целта на состанокот е превенција на идни штети од поплави во урбаните средини преку имплементација на Израелската експертиза.
Експертскиот тим од Израел утре во соработка со АДКОМ, Асоцијацијата на даватели на комунални услуги на Македонија, треба да одржи целодневен тренинг семинар за 70 претставници на комуналните претпријатија од цела Македонија на тема „Израелските искуства во секторот на води и менаџмент со водните инфраструктури“.
- Израел, како водечка земја во водниот инжењеринг, ги става на располагање на македонските колеги своите искуства за борба против поплавите кои се дел од последиците на климатските промени, со посебен акцент на заштитата во урбаните средини, се вели во соопштението од канцеларијата на амбасадорот на Израел во Македонија.
Ново на Сител
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица
-
21-годишна албанка излетала од патот со автомобил близу Битола, тешко повредени сопатниците