Домашен притвор за поранешниот албански министер за внатрешни работи
Обвинителството во Тирана одреди домашен притвор за поранешниот албански министер Саимир Тахири, долгогодишниот близок соработник на албанскиот премиер Еди Рама.
Тахири (38) веќе седум месеци е под истрага поради наводна вмешаност во криумчарење на дрога и корупција.
Доколку биде осуден, може да добие максимална затворска казна од 15 години.
- Обвинителството во Тирана побара на Тахири да му биде одреден притвор, но судот одлучи тој да биде во домашен притвор, наведе портпаролот на канцеларијата на државниот обвинител, Денион Ндреник.
Адвокатот на Тахири, Макс Хаџи изјави дека обвинителството не изнело ниту еден нов доказ со кој би се оправдало „ограничувањето на слободата“ на неговиот клиент.
Хаџи најави дека ќе поднесе жалба за одлуката за домашен притвор.
Рама наведе дека ја почитува одлуката на судот и повика на „независен и транспарентен процес“.
Истовремено, американската Амбасада во Албанија повика на одредување на домашен притвор за Тахири, наведувајќи дека овој „важен случај за корупција ќе биде решен чесно и транспарентно на суд“.
Тахири беше министер за внатрешни работи од 2013 до 2017 година, а минатата недела поднесе оставка од позицијата пратеник.
Обвинет е за поврзаност со криминална група која е осомничена за криумчарење на голема количина канабис.
Ново на Сител
-
Тошковски изрази сомнеж дека инцидентот со Арсовска е добро смислено сценарио
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
Со тупаници нападната скопската градоначалничка Данела Арсовска при увид на дивоградба во Чаир
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Интензивно се работи на автопатот Прилеп - Битола, Бехтел и Енка бараат уште околу 400 работници
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир
-
Убиениот кај Батинци е припадник на АРМ - имал прострелни рани во градниот кош