ДОМ: Бездомните кучиња може да се решат само со интерсекторска соработка

По јавно искажаните заложби на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за решавање на проблемите со бездомните кучиња, ДОМ му дава поддршка со неколку конкретни сугестии. Тие се базираат на консултации со стручни лица и претставници од граѓански асоцијации за заштита на животни, посебно со „Анима мунди“, со кои имаме соработувано и на законската регулатива:
Прво, ова не е проблем само на Скопје и не може да го реши сама градската управа. Бездомните кучиња може да се решат само со интерсекторска соработка на Градот Скопје, ЈП Комунална хигиена, ЗЕЛС, Агенцијата за храна и ветеринарство, Ветеринарната комора, Кинолошкиот сојуз и организациите за заштита на животни. Сите заедно, треба да изградат одржлива политика за справување со бездомните кучиња.
Второ, Законот за благосостојба на животните не се спроведува во целост, а некои одредби треба да се преиспитаат низ јавна расправа и можеби да се променат. Мора да дојдеме до одговорно сопствеништво на миленици, со ограничување на неконтролирано размножување и со следење на патот на новородените единки. Ако се знае дека една единка два пати годишно може да продуцира 6-10 кученца, не треба да чуди огромната бројка од 6-8.000 бездомни кучиња само на скопските улици! Не постои стационар кој може да ги згрижи. Се разбира, во секој момент ја имаме на ум обврската за хуман третман и стерилизација.
Трето, оние сопственици, кои сакаат да имаат домашно милениче и да го размножуваат, треба да се регистрираат како одгледувачи, со плаќање соодветен надоместок. Со оглед на веќе драматичните димензии на проблемов, треба да се размисли можеби и за привремен мораториум за купување кучиња и понуда на оние што немаат дом.
Четврто, моделот што ќе се одбере треба да добие соодветна ставка и во државниот буџет и во локалните буџети. Затоа што ова е сериозно прашање како за безбедноста и здравјето на луѓето, така и за благосостојбата на животните, за да не бидат изложени на труења, борби со кучиња и секакви други малтретирања!
Се на се, ќе бидат потребни најмалку пет години за да се реши овој проблем, но треба да се почне веднаш. Постојат многу успешни модели од Германија, Данска, Шведска, Словенија и други земји, кои може да послужат како патоказ.
Ново на Сител
-

Кремљ ги отфрли шпекулациите за раздор меѓу Путин и Лавров
-

Српско МВР: Приведени неколку луѓе во врска со случајот „уфрлени снајперисти“
-

Зеленски: Орбан нема да го запре движењето на Украина кон ЕУ, исто како што Русија не успеа
-

Ѓоковиќ прв финалист во Атина
-

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи
-

Цената на преспанското јаболко со Цветан Трипуновски | Неформално | Sitel Podcast 122
-

Полициски службеник ја заменил урината на својот приведен син, кривична за техничар кој му овозможил пристап до доказите
-

Триесет дневен притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата, за едно лице одреден куќен притвор
