Долги години Грција ќе зависи од финансиска помош, смета германски институт

Германскиот институт за економски истражувања DIW денеска објави дека Грција ќе биде зависна од финансиска помош долги години потоа, без разлика дали ќе биде во еврозоната или не.
- Не треба да имаме илузија дека Германија може да живее подобро со неуспех на преговорите меѓу Грција и меѓународните кредитори. Грција ќе биде зависна од европска помош долги години потоа, па дури и таа да е хуманитарна, изјави претседателот на Институтот, Марсел Фрацшер.
Тој истакна дека „во еден момент ќе биде постигнат договор и прашањето не е дали, туку кога“. Според него колку повеќе се одолговлекува решението, толку поболно ќе биде за Грците.
Фрацшер смета дека во следните две години Грција ќе има потреба од трет спасувачки пакет од 30-40 милијарди евра, а освен тоа и дополнителни милијарди за да се зачува платежната способноста на банките.
Ново на Сител
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
-

„Македонска ослободителна мисла 1893-1991“- непрекината 100 годишна идеја за создавање држава
-

Смоларскиот водопад добива нова метална платформа за набљудување
-

Преглед на вестите од светот
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
