Документот кој е доказ дали Чавков има вила, гулабарник или трло на Халкидики
Република го обезбеди документот што го доставил адвокатот на осудениот поранешен директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков, Сашко Дуковски, до судот, а со кој се потврдува дека Чавков не поседува „ни вила, ни гулабарник, ни трло“ во Халкидики
Дуковски денеска достави извод од катастарот на Халкидики. Со него се потврдува дека Чавков не поседува имот на грчкиот полуостров, што беше една од основите за определување на оваа мерка.
Тој додаде дека за неговиот клиент, кој беше неправосилно осуден на 18 години затвор, постојат две мерки за обезбедување, одземен пасош и обврска за јавување во судот, а понудена е и висока активна правосилна гаранција од 600 илјади евра во недвижен имот.
Дуковски е сигурен дека судот ќе ја одбие жалбата на Чавков, но нагласи дека предметот ќе заврши во меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.
Одлуката ќе биде соопштена дополнително.
Ново на Сител
-
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
-
Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада
-
Внимавајте: Се шири линк до лажна веб страна на Владата која краде податоци за кредитни картички
-
Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница
-
Поевтинуваат горивата ова се новите цени
-
Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на Средно Водно
-
До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи
-
СДСМ во среда ги почнува подготовките за избор на ново раководство - закажан состанокот на Извршниот одбор