Македонија
13. October 2016 - 9:44

Документарецот „Прва македонска трансверзала“ на фестивал во Словачка

Документарниот филм „Прва македонска трансверзала“ во режија и продукција на Горан Вуќиќ и Кирил Шентевски ќе биде прикажан на 24. Меѓународен Фестивал на планински филм кој одржува од 12-ти до 16 октомври во Попрад, Словачка.

Филмот кој пред домашната публика беше премиерно прикажан на шестиот ЕХО Фестивал на планински филм во 2015 година во Скопје и доби Посебно признание, потоа беше дел од програмата „ЕХО патува“ и се прикажа во повеќе градови низ Македонија.

- На филмот му претстои успешна фестивалска есен и ќе биде прикажан на Македонскиот филмски фестивал кој ќе се одржува од 22-ри до 23 октомври во Торонто, во ноември ќе учествува на „Банско филм фест“ во Бугарија, а во декември ќе биде прикажан на 14. Интернационален филмски фестивал Катманду во Непал, соопшти продукцијата. 

Филмот ја прикажува планинарската транверзала која неодамна се возобнови и се протега низ планинските масиви во западниот дел на Република Македонија. Директор на фотографија е Кирил Шентевски, монтажата е на Горан Вуќиќ. Филмот „Прва македонска транверзала“ е снимен како независна продукција.