Македонија
3. April 2024 - 16:33

Докторот од Железара не бил убиен во неговиот автомобил, каде беше пронајдено телото

Лекарот Ацо Трповски од Железара, не бил убиен во неговиот автомобил- според прибраните докази тој бил избоден до смрт на друго место, па бил внесен во автомобилот. Ова се информациите на помошникот заменик министер Митко Бојмацалиев, но повеќе детали не сподели за да не ја наруши истрагата.

Министерот Панче Тошковски пак, за Сител брифираше, Бојмацалиев да се воздржи од споделување на вакви детали во јавноста во интерес на истрагата.

Претходно, министерот Тошковски во поткаст кажа дека мотивите за убиството на докторот не биле поврзани со неговата професија.

Од Обвинителството велат дека откривачката улога ја има МВР, а Обвинителството издава насоки и наредби за откривање на сторителот, но да не се споделуваат информации кои може да ја загрозат истрагата.

Со оглед на тоа што МВР се уште не идентификувало сторител на кривично дело, Јавното обвинителство не е во можност да споделува детали кои можат да ја загрозат постапката. Апелираме и до другите институции во оваа фаза на постапката да се воздржуваат од изнесување информации од чувствителен карактер, бидејќи сторителот се уште не е откриен, велат од ОЈО.

За убиството на лекарот беа приведени три лица, но Обвинителоството соопшти дека немале докази дека тие го сторите убиството и беа ослободени.

Засега нема информации за нови осомничени за убиството на 67 годишниот лекар, чие безживотно тело со 9 убоди од нож беше пронајдено пред две недели доцна вечерта,  во неговиот автомобил пред поликлиниката Железара.