Отечениот мозок, првенствено во задниот дел ги загрижуваше лекарите и тие му дадоа лоша прогноза.
„Бевме загрижени дека во овој случај неговата состојба нема да се подобри и состојбата ја прогласија како мозочна смрт на господинот Мар“, рече докторката Ребека Рунџ.
„Секогаш говореше: ’не сакам да ме гледате како лежам во болница или во старски дом’, рекла Престон.
„Докторите ни рекоа дека шансите за опоравуање се речиси никакви и одлучивме да го исклучиме од апаратите. Се поздравивме со него, а медицинскиот персонал ги извади цевките и ние останавме да стоиме покрај неговиот кревет“, опишува Престон.
По гасењето од апарати лекарите им рекоа дека Скот не е кандидат за давање органи зошто неговиот мозок се уште покажува активност.
Но Скот продолжил сам да дише. Следното утро неговите деца се вратиле, одлучни да видат дали има напредок.
„Дојдов до неговиот кревет и го прашав дали може да го мрдне палецот и тој полека го мрда палецот. Потоа го прашав дали може да ги мрдне прстите на нозете и тој полека ги помрда прстите“, раскажа Престон.
Откако им рекле на докторите што виделе, нарачан е уште еден преглед.
Се утврдило дека Т. Скот Мар страда од ретка состојба која се нарекува синдром на постериорна реверзибилна енцефалопатија, која успешно може да се лекува.
„Големото отекување кое се појави на задната страна од главата на господин Мар не е типична за тој синдром, поради што разорниот мозочен удар бил почетна дијагноза“, рече докторката.
Мар наскоро се разбудил, поради што децата го нарекоа „чудотворец“.
„Не сакам ова да го претвориам во голема религиозна работа, но ќе ви кажам дека ова беше прилично чудно“, изјави Мар.