Македонија
6. November 2021 - 17:42

Дојран: 42 мигранти пронајдени во камион, возачот и совозачот избегале кога ја забележале полицијата

Синоќа околу 01.00 часот на излез од Стар Дојран, во нас.Карач, полициски службеници од Рeгионален центар за гранични работи Југ во товарно возило влекач „ман“, со штипски регистарски ознаки со приколка, пронашле 42 мигранти (41 од Сирија и 1 од Бангладеш), кои  биле предадени за понатамошна постапка, по што ќе бидат спроведени до Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија, соопштија од МВР.

Имено, откако возачот и совозачот на товарното возило ги забележале полициските службеници, скокнале од возилото во движење и избегале, а возилото се вратило назад и удрило во службено возило на МВР.

Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.