-->
-->
Дојче веле: Берлин ги отфрла обвинувањата на Иванов
-->

Министерството за внатрешни работи на Германија ги отфрла обвинувањата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов дека немало желба за размена на податоци за осомничени џихадисти. Од германската владата се потенцира дека Македонија добива помош за бегалците, јавува Дојче веле на македонски јазик.
Според Дојче веле, портпаролот на германското МВР ги отфрли обвинувањата на Иванов дека Македонија сакала размена на податоци со Германија за осомничени џихадисти, но, како што вели „никој не ги сакаше нашите податоци“.
Во интервју за весникот „Билд“ Иванов жестоко ја критикува Германија и вели: „Тие ни рекоа: не можеме да соработуваме со вас, вие сте трета земја, не смееме да разменуваме податоци.“
Според портпаролот на Министерството за внатрешни работи во Берлин, кој е цитиран од светските агенции, ваквите обвинувања на Иванов се несфатливи, со оглед на тоа што Македонија разменува податоци преку европските полициски власти (Европол).
Од Берлин денеска доаѓа реакција и околу тврдењето на македонскиот претседател дека Македонија досега од Европа не добила пари за бегалската криза. „Веќе плаќаме за грешките на ЕУ, веќе потрошивме 25 милиони евра пари на нашите даночни обврзници, и прогласивме кризна состојба. А што добивме од Европа? Ништо! Ниту еден цент!“, изјави Иванов за „Билд“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тензично стартуваше денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека
-

Превозниците ги блокираат граничните премини, бараат промена на правилата за влез во ЕУ
-

Проширувањето на ЕУ ќе биде високо на агендата на кипарското претседавање
-

Новоизбраниот народен правобранител Фатон Селами даде свечена изјава
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-Транс
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
