Македонија
16. December 2022 - 9:48

Дојава за бомба на скопскиот аеродром, откажани сите летови

И денес има низа дојави за поставени бомби во Скопје.

Освен во трговски центри, хотел, спортски центар, дојава за бомба има стигнато и на скопскиот аеродром.

Поради тоа, сите летови се откажани.

Во тек е итна евакуација на вработените и патниците.