Договорот со кредиторите доставен до грчкиот Парламент

Текстот на договорот меѓу Грција и нејзините кредитори за третиот пакет помош во вредност од 85 милијарди долари, доцна синоќа е доставен на усвојување до грчкиот Парламент.
За да стапи во сила договорот треба да биде одобрен од Парламентот во Атина, министрите за финансии на членките на еврзоната и од законодавните тела на неколку земји од Европската монетарна унија.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас вчера побара Парламентот да го одобри договорот до четврток. Во писмо испратено до претседателката на Парламентот, Зои Констандопулу, Ципрас бара од неа договорот во текот на денов да им биде поделен на пратениците и по него да дебатираат парламентарните комисии, а веќе утре да биде ставен на гласање.
Според извори во грчкиот Парламент, како што објавија медиумите од Атина, седниците на парламентраните комисии за разгледување на договорот би можеле да се одржат утре, по што во текот на ноќта меѓу четврток и петок пратениците би дебатирале и би се изјасниле по текстот.
Грчката Влада сака договорот да биде ратификуван од Парламентот во текот на утрешниот ден, со цел тој да биде одобрен на средбата на министрите за финансии од еврозоната акажана в петок и Грција да ја добие првата транша од помошта навреме за исплата на ратата од долгот кон Европската централна банка што доспева на 20 август.
Во исто време, синдикатот ПАМЕ, близок до Комунистичката партија на Грција најави протест пред Парламентот во четврток, повикувајќи ги Грците да се спротивстават на договорот, кој е оквалификуван како „Армагедон за работниците и народната класа“.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Струмица, минимална температура од нула степени на Попова Шапка, денеска врнежи низ земјава
-

ДИК: Излезноста во вториот круг од изборите во Брвеница до 9 часот е 3,98 проценти, гласале 646 граѓани
-

Втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница
-

ФБИ: Северна Кореја е одговорна за хакирањето на 6,3 милијарди долари во крипто-валути
-

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен
-

Инцидент во Аеродром: Пресметка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички, еден повреден
-

САД ја предупреди Москва за голем терористички напад - затворен познат музејски комплекс
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
