Македонија
9. November 2016 - 9:41

Договор за соработката меѓу Македонско-руската стопанска комора и „Македонски дом“ од Москва

Македонско-руската стопанска комора денеска ќе потпише Договор за соработка со „Македонски дом“ од Москва. 

Договорот ќе го потпишат Ѓорѓи Дика, претседател на Македонско-руската стопанска комора и Нина Владимировна Жарова, генерален директор на „Македонски дом“ од Москва.

По потпишувањето на Договорот Дика и Владимировна Жарова ќе одржат прес-конференција за можностите за зголемување и балансирање на трговската размена на Република Македонија со Руската федерација.