Договор за соработка меѓу државните архиви на Македонија и Албанија

Директорите на Државниот архив на Република Македонија и на Генералната дирекција на Архивите на Албанија Филип Петровски и Гјет Ндој денеска потпишаа Договор за соработка.
Новиот Договор за соработка предвидува размена на специјалисти од областа на архивското работење, истражувачки престои и размена на архивски материјал врз основа на реципроцитет, размена на зборници на документи и архивски списанија, подготвување заеднички проекти од регионален карактер, како и реализација на иницијативата за формирање на професионално архивско здружение во Југоисточна Европа, кое ќе функционира самостојно или во рамки на Меѓународниот архивски совет.
Овој договор претставува продолжување на веќе постоечката соработка со Генералната дирекција на Архивите на Албанија, ќе биде со валидност од три години и со можност за негово автоматско продолжување од три години. Ова е веќе четврт договор од ваков вид со овие Архиви.
Првиот Договор за соработка меѓу Државниот архив на Република Македонија (тогаш Архив на Македонија) и Генералната дирекција на Архивите на Албанија е потпишан на 7 јуни 1991 година.
- Во моментов работиме на интензивирање на соработката на ниво на Југоисточна Европа. Oва е само најава на она што се надеваме дека ќе го реализираме на пролет-формирање Совет на архиви на Југоисточна Европа. Повеќе држави се согласивме од потребата за такво организирање на архивите, а како потреба да се усогласат стандардите, да се отворат архивите, се да биде подостапно и професионалците да имаат блиска соработка, рече Петровски. Потсети дека пред две-три недели потпишале нов договор со Државниот архив на Хрватска.
Ндој истакна дека Договорот е во интерес на двете држави и институции и, како што рече, ќе придонесе за збогатување на документацијата на архивите на двете држави.
- Ова е само почеток на соработката со архивите на Југоисточна Европа. На пролет може да се сретнеме во Скопје, со директорите архивите на Турција, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска, рече Ндој и изрази надеж соработката да биде успешна.
Ново на Сител
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
-

Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
