Договор за изработка на Вториот ревидиран извештај за климатски промени

Договор за изработка на Вториот ревидиран извештај за климатски промени вреден 425.900 долари денеска потпишаа министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети и постојаниот претставник на УНДП Луиза Винтон.
Министерот појасни дека изработката на овој документ претставува меѓународна обврска согласно Рамковната конвенција на ООН за климатски промени.
- Неговата изработка претставува продолжување на активностите кои нашата држава ги спроведува повеќе од 15 години, како одговор кон меѓународните обврски и во согласност со начелата вградени во Законот за животна средина и усвоените стратешки и плански документи на национално ниво, рече Амети.
Информира дека Првиот двогодишен ревидиран извештај за климатски промени е усвоен од страна на Владата на Република Македонија во јануари 2015 година и е поднесен до Секретаријатот на Рамковната конвенција на ООН за климатски промени, со што Република Македонија е првата држава во регионот и 11-та во светот која ја реализира оваа обврска.
Вториот извештај, според Амети, ќе се надоврзе и на наодите од документот кој се изработи во пресрет на Конференцијата за клима во Париз, дефинирајќи ги начините за мониторирање и верификување на намалувањата на емисиите на стакленичките гасови.
Винтон ја потенцираше важноста на подготовката на извештајот кој, како што рече, нема да биде само чекор кон усогласување и исполнување на обврските кон ОН и усогласување со различни меѓународни стандарди, туку и дека ќе биде можност за да се дефинираат политиките на министерствата и општините. Најави продолжување на соработката со Министерството во сферите на намалување на ризиците од различни природни катастрофи како што се поплавите, но и соработка за заштита на биодиверзитетот, управување со речни сливови и друго.
Ново на Сител
-

Млади лидери од 15 држави на 24. Меѓународна младинска конференција во Крушево
-

Вучиќ во ОН: Србија ги поддржува постапките на Трамп, тој придонесува за пофер поредок во светот
-

Шји Џјинпинг: Кина и САД треба да бидат партнери, а не ривали
-

Сончево и постудено утро, до 25 степени во текот на денот
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
