Додик: Република Српска следната година ќе добие нов Устав
Република Српска следната година ќе влезе во процес на изработка на нов Устав, кој „нема да биде сецесононистичи, но ќе и овозможи да се занимава со прашањето за отцепување“ од Босна и Херцеговина, изјави претседателот на српскиот ентитет во БиХ, Милорад Додик.
- Сегашниот Устав на Република Српска не одговара на потребите на народот што живее во неа, порача синоќа Додик на собир на Правниот факултет во Бања Лука, одржан по повод 25-годишнината од усвојувањето на актулениот највисок законски акт на ентитетот.
Додик најави дека по усвојување на новиот Устав во собраниска процедура, тој ќе биде ставен на изјаснување на уставен референдум, по што доколку биде одобрен, ќе биде прогласен од страна на Народното Собрание на Република Српска.
- Овој собир е добра можност да ја промовираме идеја за изготвување на нов Устав следната година, во согласност со демократските потреби на народот и потребите на Република Српска. Ова е добра можност да се проговори на таа тема, порача Додик.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри