Додик: Јас сум најпрогонуваниот човек во БиХ
Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека го прислушуваат службите за безбедност на БиХ, и дека налогот да се „стави на мерки", е издаден на барање на Јавното обвинителство во Сараево, поради истрага иницирана која е покрената, но дека тој не знае каква.
Додик изјави дека добил известување од судот во Сараево дека против него е преземена мерка прислушување, и вели дека тој е најпрогонуваниот човек во БиХ.
-Тоа не е ништо ново, бидејќи знам дека моите разговори ги следат најмалку десет агенции. Меѓутоа, овде станува збор дека некој суд на БиХ го прислушува претседателот на Република Српска и тоа е проблематично, изјави Додик за „Вечерње новости"
Додик рече дека не знае зошто судот испратил известување за тоа, но претпоставува дека се плашеле да не дознае на друг начин, а тоа ќе се претвори во голем проблем.
-Вака можат да речат - ете, ве информиравме, додаде тој.
Тој вели дека ова веќе не му е проблем и оти помалку се забавува со тоа.
- Не знам зошто ме прислушуваат, кога отворено зборувам дека се залагам за самостојна Република Српска, вели претседателот на Српска.
Додик рече дека започнувањето на истрагата против него не е изненадувачки, бидејќи станала вообичаена практика.
- Секогаш кога некој пишува во „Дневни аваз“ дека Додик е криминалец, обвинител отвора истрага. Јас сум најпрогонуваниот човек во БиХ, вели тој.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа