Додик: БиХ е неуспешен проект, треба да се разделиме на цивилизиран начин
Српскиот член на претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави за шпанскиот весник „Ел Мундо“ дека БиХ „е неуспешен проект“ и дека најдобро решение за земјата е „Бошњаците, Србите и Хрватите да се разделат на цивилизиран начин“.
– Нашата политика не е насочена кон одвојување. Станува збор за друга можност, врз основа на оценката дека БиХ нема да биде успешна како држава. Ако тоа се случи, најдобро е да се разделиме на цивилизиран начин, додаде тој.
Додик потенцира дека Србите нема да „почнат војна за отцепување“, но повтори дека одвојувањето е најдобро „ако не може да се живее заедно“.
Тој посочи дека Србите „го штитат политичкиот процес“ за да ја постигнат таа цел и дека теориите за можна војна се „бесмислени“. Тој, исто така, нагласи дека БиХ постои како држава само поради притисокот од меѓународната заедница.
– Ова е експеримент на странци. Првата работа што ја предлагам е странците да престанат да ја поддржуваат оваа земја, бидејќи тоа е единствената колонија што моментално постои во Европа. Ајде да најдеме консензус, ако е можно, рече тој.
Додик, исто така, порача дека европскиот висок претставник Кристијан Шмит нема право да воведува закони во БиХ.
– На изборите пред три години освоив најмногу гласови, многу повеќе од двајца мои колеги во претседателството заедно. А сега овој Германец доаѓа и вели дека иднината на БиХ нема да постои со Додик. Кој мисли дека тој е?, изјави српскиот член на претседателството на БиХ.
– БиХ е неуспешен проект. БиХ се соочува со тешка криза. Оваа криза не се појави сега, таа отсекогаш била таму. БиХ е синоним за криза, заклучи Додик.
Ново на Сител
-

Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме
-

Русија одговори на заканите на Зеленски: Ќе напаѓаме уште посилно во Киев и другите градови
-

Зеленски: Украина е подготвена за технички преговори со САД и Русија
-

Татко и син убиени во лов во Норвешка, напаѓачот уапсен
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
