Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“
Во Свечената сала на Собранието на Република Македонија денеска ќе бидат доделени државните награди „Св. Климент Охридски“ за 2015 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштита и унапредување на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.
Државната награда „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на воспитанието и образованието им се доделува на проф. д-р Горан Ајдински, дефектолог, и проф. д-р Ратомир Грозданоски, теолог, библист и филолог, за остварување во областа на културата и уметноста наградата се доделува на Раде Силјан, поет, литературен критичар и есеист, додека за остварување во областа на здравството наградата се доделува на доц. д-р сци. Аспазија Софијанова-педијатар.
Ново на Сител
-
Се празнат училиштата
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓанските здруженија ќе прераснат во политички партии за да можат да учестуваат на локалните избори
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Пет активни пожари беснеат низ Македонија, други два се под контрола
-
Температури до 43 степени, на сила мерките за заштита од топлотен бран
-
Гаши хоспитализиран поради преплет црева, засега е стабилен
-
Со линеарното зголемување на пензиите 150 илјади пензионери ќе добијат повеќе, а 116 илјади помалку пари