Македонија
16. November 2019 - 14:34

Доделени награди на меѓународниот натпревар за квалитет на мед во организација на здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“ во Тетово

Во Тетово беа доделени наградите за пчеларите кои учествуваа на меѓународниот натпревар за квалитет на мед во организација на здруженија „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“. Во голем број категории на производство на мед беа доделени златни, сребрени и брознени медали.

– Сите мостри што беа испратени поминаа две фази-лабораториска анализа на Факултетот за храна на Универзитетот во Тетово како и органолептичка анализа која ја направија 10 члена комисија од пет држави. Учествуваат 250 пчелари од 15 земји, изјави Дритон Дикена, од здружението „Градот на пчелите“.

Минисерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, посочи дека оваа активност за прв пат се случува не само во регионот туку и во државата.

– Добро е што се дава значење, она со што може ние да се натпреваруваме на надворешниот пазар секако и домашниот е квалитетот на медот. Со ваквите манифестации поддржани од Министерството очекуваме масовност и добра промоција и зголемена конкуренција. Со контрола на Агенцијата за храна и правилникот кој беше донесен пред три месеци ќе се овозможи и малите пчелари да добијат дозвола односно да имаа мали производствени капацитети и со самото тоа да си ја зголемат конкуретноста да постигнат повисока цена, рече Димковски.

Министерот потенцираше дека за зголемување на пчелни семејства се послушани советите на пчеларите па е зголемена финаниската поддршка од 600 до 800 денари за развојни категории.

– Оваа 2019 година наместо минимумот од 30 пчелни сандаци за добивање субвенции е намален на десет. Така да очекуваме да малите пчелари влезат во системот на финасирање кај нас. Оваа година се пријавиле 240 илјади пчелни семејства за кои од буџетот ќе има 2,5 милиони евра, потенцира Димковски.