Добитникот на четири Оскари „Обликот на водата“ од утре во кината низ Македонија

Добитникот на четири награди Оскар - филмот „Обликот на водата“ на режисерот Гилермо Дел Торо од утре ќе се прикажува на редовен репертоар во кината низ Македонија.
Беше номиниран во 13 категории, а Оскар освои во четири - за најдобар филм, најдобра режија, најдобра сценографија и најдобра музика.
„Обликот на водата“ е приказна од времето на Студената војна во САД, во 1962 година. Во тајна владина лабораторија во која работи, Елиза има осамен живот, Но тој целосно ќе се промени кога со нејзината колешка Зелда ќе откријат таен експеримент во лабораторијата.
Три години биле потребни да го дизајнираат и придвижат ликот-суштество во филмот, за кои се потрошени стотици илјади долари. Изработено е од глина од тројца вајари и неколкупати е комплетно пребојуван. - Постои момент во филмот каде што не гледате суштество туку неговиот карактер, изјави режисерот.
Покрај Сели Хокинс во главните улоги се и Октавија Спенсер, Мајкл Шенон и Ричард Џенкинс.
Ново на Сител
-

Универзитетот Оксфорд развива вакцина против ебола за справување со епидемијата
-

Предложен притвор за косовски државјанин за тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница
-

Променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и северен ветер
-

Сиљановска Давкова: Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа
-

Во израелските напади во Либан за 2,5 месеци загинале 3.111 луѓе
-

Рубио изјави дека на сојузниците им треба „План Б“ доколку Иран ја држи затворена Ормуската Теснина
-

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија
