Доаѓа циклон кон Македонија
Во текот на изминатата ноќ во поголем дел од државава облачноста се намали и врнежите престанааа со исклучок во западните предели каде имаше повеќе облаци и послаби локални врнежи од дожд, јавува Славчо Поповски.
До крајот на денов времето ќе биде сончево и значително потопло со мала до умерена локална облачност и тоа особено во западните предели каде локално ќе има и умерена облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец кој локално ќе засилува на интензитет.
Поради југозападното воздушно струење од Сахара кон нашата територија ќе започне транспорт на прашина и песок па така и времето ќе биде релативно мачно, понекаде и спарно. Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во поголем пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.
Повеќе облаци повторно ќе има во текот на утрешниот ден кога на запад ќе има услови за послаб локален дожд претежно попладне и навечер.
Циклонот Златка повторно врнежи од дожд ќе услови во четврток и истите локално ќе бидат нешто поинтензивни а не се исклучува можноста и за ретка појава на грмежи. Исто така во четврток поовторно ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Ново на Сител
-
„Независни заедно“ ја промовираа Билјана Ивановска како кандидат за градоначалничка на општината Центар
-
СУТКОЗ ќе му поднесе кривична пријава на директорот на Паркови и зеленило оти не им дава плати на вработените во Флораком и Луна
-
Од 15 август стартува „училишната кошничка“
-
Преглед на вестите од светот
-
Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?