До темел изгоре кафаната на водителот на „Мерак меана“ Трајче Толевски - Мајка
Изгоре ресторанот „Камин Кама“ сопственост на водителот на ТВ Сител Трајче Толевски.
Пожарот се случил вчера утрото, а ресторанот се наоѓа пред мостот во населбата Даме Груев, попозната како Геге.
„Доцна вечерта избувнал пожар во ресторанот „Камин Кама“ во населбата Ѓорче Петров, уште попознат како центар за забава на македонската фолк естрада“, беше објавено на страницата Ѓорче Петров на Фејсбук.
И покрај брзата интервенција на пожарникарите, сепак огнените јазици се ширеле со многу голема брзина и го зафатиле целиот објект. Засега не се шпекулира за причината на пожарот, а според првичните проценки штетата е огромна.
Сопственикот на ресторанот, познатиот естраден уметник, Трајче Толевски, познат како Трајче Мајка во шок и неверување од немилиот настан, изјави дека најважно од сѐ е што немало жртви, ниту повредени.
Тој вели дека пожарот се ширел со неверојатна брзина, а му јавиле соседите кои пријавиле во пожарната служба за што е особено благодарен.
„Ги известуваме сите гости дека поради градежни работи предизвикани како последица од пожарот што го зафати објектот на Камин Кама, објектот нема да биде отворен за гости извесен период. За повторно отворање навремено ќе бидете известени“, соопшти Толевски.
Ново на Сител
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
-

Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
