До понеделник дожд и ветер, локално и во форма на невреме

Под влијание на циклонска активност попладне ќе има врнежи од дожд, најпрвин во западните делови. Во ноќните часови врнежите ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 70 км/час), соопшти УХМР.
Утре ќе се задржи облачно и посвежо време со врнежи од дожд, на места обилни (над 40 l/m2). Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер.
Во недела ќе дува засилен јужен ветер, а локални врнежи се очекуваат попладне во западните делови.
Во Скопје пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта и утре во претпладневните часови. Ќе дува засилен повремено силен ветер од јужен правец.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
