До МВР вчера поднесени уште 7 барања за азил

Во текот на вчерашниот ден до Одделението за азил се поднесени уште седум барања за азил, од кои две лица се од Сирија и пет од Ирак. Најстарото лице има 33 години, а најмладото две години, соопшти денеска МВР.
Од започнување на издавањето на потврдите до 21.07.2015 година до Одделението за азил се поднесени 35 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 25 барања се од државјани на Сирија за азил, од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак, како и едно барање од државјанин на Египет.
Врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил, во текот на вчерашниот ден, МВР издало 376 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија.
Во периодот од 19.06.2015 до 21.07.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 16.895 странски државјани, од кои, 12.466 се од машки пол, 2.212 се од женски, 2.072 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 145 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 12.336, потоа од Авганистан 1.370, од Ирак 956, Пакистан 595, од Сомалија 398, Палестина 354, од Конго 254, Камерун 104, додека останатите се во помал број.
Ново на Сител
-

Клековски: Треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти, повеќекратно е зголемен буџетот на Онкологија
-

„Аушвиц, Аушвиц“ и „Стани, Адолфе“: Скандалозни скандирања на навивачите на Хајдук
-

Мартинез му се извини на раководството на Манчестер јунајтед
-

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем
-

Кејн останува во Баерн до 2029
-

Алкараз прв пат по петгодишна пауза ќе игра во Виена
-

Камп Ноу и Бернабеу во шпанската кандидатура за СП во рагби во 2025
-

Малолетник претепан од група врсници во училишен двор, нападот снимен и објавен на социјалните мрежи
