До крајот на животот забрана да биде учителка, бидејќи имала секс со тројца ученици

Брајен Алтис (37), учителка од Јута која имала сексуални односи со најмалку тројца свои ученици, се обидела да ја убеди комисијата за пуштање на условна слобода да ѝ одобри излегување од затворот објаснувајќи ги мотивите.
Брајен, инаку мајка на две деца, објаснила дека тоа било турбулентен период од нејзиниот живот и дека се чувствувала одбиено. Таа рекла дека имала „недостаток на самодоверба“.
– Ми го рекоа тоа и правеа да се чувствувам добро. Така себеси се оправдував за тоа што го правам, а за тоа нема оправдување. Јасно е дека ги изгубив сите вредности и принципи што ги имав и дека барав непристојни начини да ги решам своите проблеми. Проблемите за коишто сега сум многу свесна – била нејзината одбрана.
Еден од нејзините малолетни љубовници ја опишал како „учителка со бенефиции“. На полицијата ѝ објаснил и каде точно имале сексуален однос најмалку пет пати. Учениците во училиштето имале интерна шега на нејзина сметка: „Со кого госпоѓа Алтис спие вечерва?“
Сè започнало откако еден од нејзините тројца љубовници од училиштето на сите детално им ги опишал нејзините тетоважи.
Брајен веќе еднаш била уапсена поради секс со малолетно лице во 2013 година и тогаш двајца нејзини ученици (17) признале дека имале сексуален однос со неа. Тогаш нејзиниот сопруг ја оставил, и поднел барање за развод на бракот, а таа останала без работа.
– Ова е моја грешка. Не е нивна. Ова не е грешка на мојот поранешен сопруг, ниту на училиштето, ова е само моја грешка. Моја лоша одлука. Свесна сум за тоа и многу се каам. Жалам поради тие одлуки – рекла Брајен Алтис.
Дo крајот на животот и е забрането да работи како учителка.
Ново на Сител
-

Лани дипломирале 7 612 студенти, 27.3 проценти во областите бизнис, администрација и право
-

Ограбен велосипедист во Скопје
-

Полицаец од Битола лажно сведочел дека возилото на неговиот брат е во сопственост на МВР за да избегне казна
-

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027, рокот не зависи од нас, туку од Унијата
-

Во првиот квартал помалку бракови, а повеќе разводи
-

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал
-

Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во април, намален кај горивата
-

Британски лекари: Социјалните мрежи се исто толку штетни за децата како и пушењето
