До крајот на месецов треба да биде готова новата методологија за потрошувачката кошничка, вели Дурмиши

Најдоцна до крајот на месецов треба да биде готова новата методологија за пресметка на минималните трошоци на едно семејство, најавува министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Тој вечерва за телевизија „Сител“ изјави дека во Министерството за економија и труд вчера е одржан еден состанок, но дека ќе следуваат уште неколку по што новата методологија ќе биде презентирана на седница на Економско-социјалниот совет. Според Дурмиши, во синдикалната потрошувачка кошничка има производи кои не треба да бидат дел од основната потрошувачка кошничка.
- Вчера имавме состанок во Министерството за економија и труд каде имаше претставници од министерствата за финансии и за земјоделство, од Царина, од Државниот завод за статистика и од Пазарниот инспекторат. Беше прв состанок за да направиме нова методологија како ќе ја мериме минималната потрошувачка кошничка бидејќи во синдикалната потрошувачка кошничка има производи на кои не им е местото таму. Имаат многу производи кои не се трошат, а се ставени таму како на пример нескафето и се земени цените од онлајн купување. Треба да се земат цените од трите маркети и да се земе една просечна цена, рече Дурмиши.
За минималната плата за која во март треба да има усогласување, Дурмиши вели дека таа ќе биде зголемена согласно законот, а доколку синдикатите сакаат друга висина на минималната плата треба да се договорат со работодавачите, а Владата ќе го поддржи тоа решение, но ќе мора да се видат и финансиските импликации.
Во однос на измените на Законот за недела неработен ден, Дурмиши вели дека на одредени дејности треба да им се дозволи да работат во недела, но не целосно да се укине недела како неработен ден.
- Поради тоа што некои синдикати го изгубија правото на репрезентативност значи треба да се додадат нови синдикати кои ќе бидат репрезентативни, минатата сендица немавме основа да донесеме одлука. Додека да се одлучи кој ќе бидат новите синдикати кои ќе бидат репрезентативни не може да донесеме одлука, рече Дурмиши.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен
-

Продапна уште еден обид за деблокада на реформите во Изборниот законик
-

Директорот на “Историски музеј” Крушево поднесе оставка по реакциите за спотот во “Македониум”
-

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција во Скопје
-

Регионален форум за борба против корупција во организација на Државната ревизија
-

Службеничка од МВР осудена на две и пол години затвор за фалсификувани возачки дозволи
-

Миланов: Апаратите во Лотарија и приредувањето игри на среќа се законски
