До крајот на годинава ќе почне изградбата на новата зграда на ОУ „Димитар Македонски“-Скопје

До крајот на годинава ќе почне изградбата на новата зграда на основното училиште „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, општина Аеродром.
Ова денеска го истакна заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски на 109. седница, на која се поставуваат пратенички прашања.
- Во рамки на нашите посети кои беа реализирани при теренските активности и средбите со граѓани кои ги имавме во општина Аеродром, беше побарано во населеното место Лисиче да се изгради комплетно нов објект за основното училиште „Димитар Македонски“. На нашата последна посета беше направена целосна анализа на постојниот објект. Тој објект не може да се санира и неопходно е да се изгради комплетно ново училиште, појасни Ристовски.
Министерството за образование и наука, како што рече, распиша јавен повик за избор на компанија која ќе го изготви идејното и проектното решение за ова училиште.
Ново на Сител
-

СДСМ: Над 2 милиони евра завршиле кај ,,Маратон" и уште една фирма блиска до ВМРО
-

Мицкоски: Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став
-

Капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река
-

Треба да се работи на збогатување на гастрономската понуда
-

Македонската наука во европската мрежа COST
-

Пожарот кај селото Бајково и понатаму активен, но под контрола
-

Претставници од иницијативата „Стоп за Усје“ на средба со министерот Мухамед Хоџа
-

Тема на денот со Билјана Ивановска, граѓанска иницијатива ,,Шанса за Центар"
