До крајот на денот нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. Од УХМР информираат дека локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени.
Во Скопје денеска попладне ќе преовладува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а понекаде во котлината се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме со град. Максималните температури ќе се движат до 32 степени.
И изминатата ноќ преовладуваше нестабилно време со врнежи од дожд. Од УХМР информираат дека до 8 часот наутро во Куманово наврнале 37 литри на метар квадратен, Лазарополе – 25, Прилеп – 23, Скопје и Зајчев Рид- 14, 10 во Охрид, 9 во Битола, 7 во Претор, 6 во Крушево, 2 во Демир Капија, 1 во Тетово, Маврово, Штип, Гевгелија, и Попова Шапка.
УХМР за утре прогнозира дека околу пладне ќе има услови за изолирана и краткотрајна нестабилност, а потоа до петок следува период на стабилно и многу топло време.
Ново на Сител
-

Почна изградбата на нов мост во Штип, вреден 70 милиони денари
-

Речиси 1.000 загинати во земјотресите во Венецуела, над 50.000 се исчезнати
-

Преглед на вестите од светот
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
