До денеска за гласање во ДИК пријавени 540 македонски граѓани од странство
Заклучно со денеска до 14 часот, вкупно 540 граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство ја искористиле можноста за пријавување преку електронската апликација на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК) за гласање за претстојните предвремени избори.
Како што соопшти ДИК, вкупно 217 пријави се прифатени, 19 се одбиени, а 304 пријави се во фаза на обработка.
Државната изборна комисија ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство да се пријават за гласање за претстојните избори. Пријавувањето може да се врши преку електронската апликација ставена на веб страницата на Државната изборна комисија https://dijaspora.
Пријавувањето во дипломатско-конзуларните претставништва, односно во конзуларните канцеларии, ќе трае до 11 ноември 2016 година.
Ново на Сител
-
Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања
-
Малолетник натепан од свои врсници во Аеродром - Еден снимал, другите физичките го нападнале
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина
-
Недела неработен ден за верниците од муслиманска вероисповед
-
Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор
-
Истрага за двојното убиство во Кратово
-
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам
-
Скопјанец осомничен за разбојништво во банка