До 14 август привремена забрана за влез во Грција за државјани на трети земји
До 14 август 2020 година, во Грција е забранет влез за државјани на трети земји, согласно заедничката одлука на министрите за цивилна заштита, за здравство и за внатрешни работи, што веќе е објавена во Службен весник на Грција, а денеска стапува во сила.
Мерката предвидува „привремена забрана за влез во земјата на сите државјани на трети земји од било која влезна точка во земјата и на било кој начин или било кое средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и копнените поврзувања од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија“.
Забраната не важи за земјите членки на Европската унија и Шенген зоната, како и за државјаните на Австралија, Грузија, Канада, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Обединетите Арапски Емирати.
Исто така исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како и сезонски земјоделски работници.
Одуката важи за временскиот период од 31 јули 2020 година до 14 август 2020 година.
Станува збор за друга министерска одлука, независно од онаа која истекува денеска за привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Северна Македонија, Албанија и Турција.
Ново на Сител
-
Мицкоски утре до Собранието ќе го поднесе составот на новата Влада - Гласање викендов
-
Од први септември градежните компании ќе работат по европски стандарди - Ќе поскапат ли становите?
-
Младите со акција за заштита на Охридското Езеро од отпад
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија