До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
Според податоците на Државната изборна комисија во Куманово до 13 часот гласале 23, 08 проценти од обработените 71,81 отсто. Во Куманово право на глас имаат 93.364 гласачи кои гласаат на 167 избирачки места.
Во Липково, како што е наведено на веб страната на ДИК, гласале 16,15 проценти од 99,90 отсто од обработените податоци. Во оваа општина право на глас имаат 25.998 избирачи кои гласаат на 36 места.
- Гласањето е непречено, изјави претседателката на ОИК, Ајше Демири.
Според податоците на ДИК во Старо Нагоричане до 13 часот гласале 22,38 проценти од обработените 99,87 проценти. Таму право на глас имаат 3.043 гласачи кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ги опслужуваат 36 избирачки одбори.
- Тековно се спроведува гласањето, рече претседателот на ОИК, Марјан Даиловски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови