Македонија
29. October 2017 - 11:29

До 10 часот во Гостивар на гласање излегле 5 отсто избирачи

Според информациите од Општинската изборна комисија Гостивар, на гласање до 10 часот излеглепет проценти од запишаните избирачи, односно 4.309 лица.

Во избирачкиот список за општина Гостивар има вкупно 79.632 лица кои ќе гласаат на 121 избирачко место.

Гласањето за избор на градоначалник утрово почна навреме и се одвива без проблеми и нарушувања во избирачкиот процес.