-->
-->
Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат - Ова се новите цени
-->
Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар, а на дизелот се намалува за 1,5 половина.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 71,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 ќе биде 73,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Еуродизелот ќе изнесува 53,50 денари за литар, а на екстралесното масло за домаќинство 42 денара. Се намалува и цената на мазутот и ќе изнесува 26,3 денари за килограм.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар изнесуваше 58,6 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 55,66 денари за долар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Манасиевски: Човек како Митовски не смее да биде градоначалник
-
Високите цени и потребата од нови мерки ќе се разгледуваат на ЕСС следната недела
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија