-->
-->
Дизајниран нов робот: Изгледа како голема змија и може да се качува по скали...
-->
Најновиот робот кој што наликува на голема змија, развиен е во Јапонија и успешно демонстрираше качување по скала.Научниците од Кјото Универзитетот се здружиле со Универзитетот за електро-комуникации во Јапонија и со заеднички сили го создале роботот кој наликува на змија и може да се качува по скали, така што ги имитира движењата на змијата и се витка околу пречките.
Роботот се уште е во развојна фаза и засега може само да се качи низ скалите, а не и да се симне надолу, но научниците сметаат дека со развојот во иднина ќе бидат проширени и забрзани неговите способности за движење.
Според научниците, во иднина ваквите роботи би можеле да служат за совладување на препреки во случај на катастрофа, со цел да стигнат до повредените и да им пружат одреден вид на помош, или пак само да ги лоцираат.
Моделот се уште изгледа „неугледно“, па многумина го споредуваат со морничаво суштество од некој нискобуџетен хорор филм, но научниците сепак се горди на своето дело, затоа што, како што велат, качувањето по скали е еден од најголемите предизвици кога станува збор за движењата на „роботското семејство“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

На Ортопедија успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор кај педијатриски пациенти
-

Од следната недела стабилно и топло време
-

Избрана Комисијата за гласање на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски: Стратегијата Македонија 2030 е визија за стабилна, продуктивна, правична и европски позиционирана држава
-

Скопјанец возел со 2,55 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-

ГП Евзони денеска повторно затворен поради штрајк на грчките земјоделци
-

Мицкоски: Очекувам славенички амбиент по историската победа на локалните избори и така да продолжиме
-

Неготинец силувал скопјанка, снимал со телефон и потоа ја уценувал со снимениот материјал
