Македонија
28. February 2019 - 16:26

Дивоградбата на Матка не е отстранета - сите се прогласуваат за ненадлежни

Државниот инспекторат се прогласи за ненадлежен за постапување по дивоградбата на Матка. Од државниот инспекторат за Сител велат дека урбаната опрема и монтажно – демонтажните објекти  не претставуваат градба од прва категорија согласно законот за градење.

– Инспекторатот нема право да излегува и да врши инспекциски надзор за објекти кои се од локално значење.

 За случајот со платформата над езеро Матка  државниот инспекторат бил запознаени пред 6 дена од страна на инспекцискиот совет. Токму пред нив се изјасниле за не надлежни а овој одговор го испратиле и до Министерството за транспорт и врски. Градоначалникот на Скопје кој обзнани  дека се работи за дивоградба повторно ги повика институциите  да постапат согласно надлежностите.

-Во врска со проблемот телефонски контакти, немаме средба,. За жал градот нема што повеќе да направи, освен да очекувам дека конечно ќе се разбудат институциите и ќе си ја вршат својата работа, изјави Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје.

За платформата во заштитеното подрачје Матка, раководител од општината Сарај вчера  рече дека не е е запознаен дека постои дивоградба. Градоначалникот денеска со став дека платформите над езерото постојат со години и сите се дивоградби, но и дека само се реновираат, а не се градат нови. Беџети најави дека правниот статус на сите платформи ќе ги решава во пакет.

 За изјавата на Шилегов пак вели дека е избрзана и несреќна.

На местото каде е изградена платформата нема табла кој е инвеститор.