Дива мачка забележана во пештерата Свинска стрна на Галичица | ФОТО
Во пештерата Свинска стрна забележана е дива мачка со редовниот мониторинг на пештери во Националниот парк Галичица, соопшти денеска Црвен крст Охрид.
Дивата мачка е загрозен вид, а редовниот мониторинг е во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица“.
-Редовниот мониторинг во пештерите и надвор од нив е одлична алатка за проучување на пештерските екосистеми во заштитеното подрачје. Камера поставена пред пештерата Свинска стрна регистрираше дива мачка што ја корисисти оваа пештера во Националниот парк Галичица како привремено живеалиште, информира Црвен крст Охрид.
Дивата мачка на главата има кратка муцка и кратки уши. Има тело кое е покриено со густо сиво-кафеаво крзно, со напречни темни шарки и една темна по должината на грбот. На кратката дебела опашка има црни прстени и црн врв. На предните нозе има пет прсти, а на задните четири. Живее во шуми со шумски чистини. Има одлично развиен слух, вид и допир, а послабо развиен мирис. Дивата мачка е месојад, кој лови зајаци, птици, глувци. Лови приквечер или во зори. Добро трча и се качува по дрвја. Мажјакот е поголем од женката. Неговото тело е долго до 90 cm и е тежок до 15 кг. Женката при крајот на пролетта окотува до четири младенчиња во засолниште меѓу камења или во шупливо стебло, ретко во грмушки. Обично живее 10-12 години.
Дива мачка со фото замка беше забележана и во заштитеното подрачје Вевчански извори.
Ново на Сител
-
Предметот за „Пулс“ е донесен во Кривичниот суд, следи оцена на обвинението
-
Собраниска расправа за ребалансот, поднесени над 200 амандмани
-
Во Кичево ќе се гради нов Клинички центар
-
Неправилности во здравството можат да се пријават на веб страницата на министерството
-
АХВ го демантира градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов
-
Разговор со Маријана Милевска, проектна менаџерка во програмата за Обединетите нации
-
Почна расправата за ребалансот на Буџетот
-
Мицкоски: Се бориме да го вратиме тоа што го продаде опозцијата