Директорот на охридската болница за денешниот инцидент: Пациент почна да дави докторка

Директорот на охридската болница доктор Горан Балевски за „Слободен печат“ вели дека утринава во амбулантата на инфективното одделение, пациент што чекал на ред почнал да ја дави една од двете лекарки на смена. Докторката, инфектолог, имала 62 години.
Инцидентот, за среќа, го спречиле некои присутни членови на семејството на пациентот, па лекарката била навремено оттргната од рацете на лутиот пациент.
Според доктор Балевски, ова не е ни прв ни последен пат здравствените работници во Охрид, а и во другите градови од внатрешноста, да преживуваат тешки напади кои најнапред почнуваат како вербални, а потоа прераснуваат и во физички.
-Ова е срамота. Нема што не се изнагледавме во пандемијата. Во амбулантата дневно има и по 60 прегледи со само две лекарки и денеска една од нив пациент што не сакал да чека во ред, ја фатил за врат да ја дави. Пријавивме во полиција, лекарката е добра. Станува збор за искусна докторка на 62 години. Срамота е што ги напаѓаат лекарите, изјави доктор Балевски.
Претходно СВР Охрид соопшти дека е нападната вработена на Инфективното одделение и дека се преземаат мерки за решавање на случајот.
Ново на Сител
-

Африканска прашина повторно ја зафаќа Грција, зголемено загадување на воздухот
-

Полицаец наплатил 500 евра од насилници за „мирно решавање“ на тепачка во Струмица
-

12-годишно девојче паднало од тротинет и тешко се повредило
-

19-годишник го претепал детето на сестра му
-

Трет танкер поврзан со Иран влезе во Персискиот Залив преку Ормуската Теснина
-

Пронајден починат 59-годишен маж во Општина Чашка
-

Три лица вдишале чад, откако бил опожарен автомобил во подземна гаража
-

Дизелот поевтинува за 2,5, а бензините за 1,5 денар по литар
