Директорот на БЈБ Савовски на состанок за мигрантите во Загреб

Директорот на БЈБ Горанче Савовски денеска во Загреб, Република Хрватска, учествува на работен состанок на директори на полиција и шефови на гранични служби на западно-балканската рута на мигранти на кој учествуваат и делегации од Република Австрија, Република Хрватска, Република Македонија, Република Србија и Република Словенија.
На состанокот, како што соопшти МВР, ќе бидат разменети информации за тековната ситуација во државите во однос на справувањето со миграциската криза и ќе се разгледуваат и можностите за натамошно продлабочување на соработката во справувањето со миграциските текови.
Планирано е да се разгледа и предлогот за стандардизација на регистрацијата на мигрантите со цел воспоставување јасни заеднички критериуми кои мигрантите треба да ги исполнуваат за нивно транзитирање низ рутата. Во таа насока, неопходно е земјите учеснички да се согласат за стандардите за регистрациските методи и постапки.
Се очекува на состанокот да стане збор и за дополнителна помош на македонската полиција во заштита на државната граница и спроведувањето на граничната контрола од страна на земјите од западно балканската рута на мигранти.
Ново на Сител
-

Предизвикот „24ч Адреналин“ ќе ги поврзе воздухот, земјата и водата во еднодневна авантура низ Македонија
-

Еден загинат, 16 повредени во инцидент на Парадата на гордоста во Берлин
-

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на клучката „Момин Поток“
-

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес
-

Сончево и ветровито
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
