Директорот на АМС се сретна со организаторот на ултра маратонот „Тоше Проески“
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска се сретна со организаторот на ултра маратонот „Тоше Проески“, кој се одржа од 13 до 16 октомври од Нова Градишка до Крушево.
Организаторот на ултра маратонот Наум Капричевски, во името на маратонците и фановите на Тоше Проески, како благодарност за поддршката од Агенцијата за млади и спорт на директорот Спасески му додели благодарница и примерок од книгата за Тоше Проески „Ова не е крај“, се наведува во соопштението на АМС.
Директорот Спасески се заблагодари и истакна дека АМС нема никогаш да го заборави ликот и делото на Тоше Проески.
- Агенцијата за млади и спорт беше и остана горда на Тоше Проески. Делата што Тоше ги правеше никогаш нема да бидат заборавени. Му благодариме на Тоше што ни ја остави спортската химна „Македонија Навива за Вас“ со што придонесе секогаш кога ќе ја слушнеме на спортските арени, да ја бодриме Македонија и да се сеќаваме на нашиот Тоше, изјави Спасески.
Со меѓународниот ултра маратон од Нова Градишка до Крушево беше одбележана 9. годишнината од смртта на Тоше Проески.
Ново на Сител
-
Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД
-
ЦУК: Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата
-
Руските безбедносни сили упаднале во притворниот центар и ги убиле затворениците кои држеа двајца чувари како заложници
-
Сиљановска-Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Талибанците ќе испратат делегација на претстојниот состанок во Доха за Авганистан
-
66-годишен велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Илинден
-
Курбан Бајрам одбележуваат припадниците на муслиманската вероисповед
-
Во Владата истакнат премиерски портрет на Џафери