Директорот на АЕК избран за потпретседател на Европското регулаторно тело за електронски комуникации
Директорот на Агенцијата за електронски комуникации Сашо Димитријоски е избран за потпретседател на Европското регулаторно тело за електронски комуникации во рамки на 40-тата пленарна седница која се одржува во Крит, Грција од 2 до 4 октомври годинава.
Од АЕК, наведуваат дека, со ова Агенцијата добива посебно место на европската карта на регулатори за електронски комуникации, како и доверба за досегашната успешна работа и соработка со останатите европски регулатори.
Новоизбраните членови на раководството на Европското регулаторно тело за електронски комуникации – BEREC, како и останатите присутни гости на денешната седница ги поздравил со посебно обраќање и Генералниот секретар на Меѓународната телекомуникациска унија Хаолин Жао.
Од АЕК информираат дека на 40-тата пленарна седница покрај редовните состаноци BEREC веќе одржале Самит на највисоко ниво со своите колеги од Источна Европа, Јужна Америка и земјите од Медитеранот и Северна Африка, со цел решавање на главните предизвици кои произлегуваат од обезбедување поврзаност во конвергентниот свет.
Ново на Сител
-

Општина Охрид се подготвува за затворање на депонијата Буково
-

Дрвокрадството во последните неколку години намалено за 30 отсто
-

Преглед на вестите од светот
-

Нацрт – предлог на ЕУ – за Албанија “патокази, за Македонија економски придобивки“
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амабасадор во Софија
-

Мицкоски: Владините мерки за поевтини горива ќе чинат над 100 милиони евра, можен втор ребаланс
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен

