Директорката на Одделот за изгореници на солунската болница: Тројцата пациенти се во критична, но стабилна состојба

Двете девојки и момчето на возраст од 19, 25 и 26 години, кои од неделата се хоспитализирани во болницата Папаниколау во Солун се во критична состојба и сè уште не може да се каже дека се вон животна опасност, според директорката на Одделот за изгореници на солунската болница Софија Пападопулу, јави дописничката на МИА од Атина.
По посетата на министрите Муцунски и Таравари на болницата, доктор Пападопулу во изјави за грчките медиуми објасни дека тројцата пациенти имаат од 15 до 25 отсто изгореници на телото за што двајца од пациентите денеска по втор пат ќе бидат оперирани, а во следните денови и третото поведено лице, но истакна дека она што е посериозно е тоа што вдишале чад.
- Тројцата се во критична состојба. Не можеме да кажеме дека ја имаат избегнато опасноста, бидејќи иако имаат изгореници, главно на лицето и рацете, исто така вдишале и чад, очигледно долго време останале во просторот каде што се случи несреќата, па имаат изгореници при вдишување, односно оштетување на белите дробови и дишните патишта, што е она што го можеби ќе ја отежне состојбата и текот на нивното здравје, што најверојатно ќе биде долгорочно. Правиме сè што можеме, имаме капацитети, ја имаме поддршката од целиот персонал во болницата да можеме да го направиме најдоброто за овие млади пациенти, објасни директорката на Одделот за изгореници.
Тројцата пациенти се наоѓаат на интензивна нега, приклучени на апарати.
Во Солун беа пренесени уште двајца повредени, хоспитализирани во Воената болница 424, додека пак од синоќа во Атина се лекуваат уште три лица.
Ново на Сител
-

Сообраќајот без застои, магла на повеќе патни правци низ државата
-

Променливо облачно и тивко со сончеви периоди
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
