Директорката на Кумановската болница по смртта на хирургот: На хирургија нема ниту еден позитивен вработен

Кумановскиот хирург д-р Драган Тасевски почина како последица на коронавирусот, потврдија денеска од Општата болница во Куманово.
Од Центарот за јаво здравје информираа дека тој пред десетина дена бил евидентиран како позитивен на коронавирус. Се лекувал најнапред на Инфективната клиника, а потоа и во приватна здравствена установа.
Директорката на Кумановската болница Снежана Захариева изразувајќи сочувство до семејството на хирургот Тасевски, истакна дека ова е трагедија и дека и тие се се уште во шок.
– Со симптоми на сериозна бронхопневмонија е упатен на лекување на Инфективна клиника. Од пред неколку дена беше во болницата Систина и ние се надевавме дека ќе ја добие битката. Вчера добив информација дека е во исклучително тешка состојба, но се надевавме дека ќе се извлече. За жал, загубивме колега, изразувам сочувство до семејството. Шок и трагедија е ова што се случи, изјави Захариева.
Таа вели дека болницата е голема институција со околу 700 вработени, сите имаат контакти и семејства, дека имало позитивни во минатото, а вели ќе има и во наредниот период до крајот на пандемијата поради природата на работата.
– На хирургија нема ниту еден позитивен вработен, додава Захариева.
Доктор Тасевски работеше во кумановската болница повеќе од триесетина години.
Ново на Сител
-

Свечено отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг Крушево 2026
-

Победниците на УС опен 2026 ќе добијат по 5,5 милиони долари
-

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Собранието демантира дека плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените
-

Николоски: Продолжува поддршката за Општина Струга, заеднички работиме на големи инфраструктурни проекти
-

Од 26 август почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк
-

Американскиот министер за финансии изјави дека војната со Иран влегува во „завршна фаза“
-

Почна судењето против Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“
