Директорка на скопско училиште на Фејсбук прашува астролог дали ќе добие втор мандат
Директорката на ООУ „Аврам Писевски“ во Бардовци, поставена од СДСМ, Матилда Бајкова, на страница за астрологија на „Фејсбук“ прашува дали ќе добие втор мандат. При вклучувањето во живо на астрологот Мирјана Мирковиќ од Србија во неделата, во еден од коментарите Бојкова го пишува нејзиниот датум на раѓање за да провери дали ќе продолжи да го води скопското училиште.
Бајкова повторно го постави прашањето кон крајот на емисијата, но и по вторпат не доби одговор.

Мирковиќ редовно се вклучува во живо на „Фејсбук“ и чита што велат ѕвездите заедно со сопругот кој гледа на тарот карти:
Бајкова, пак, е професорката по македонски јазик и литература, а во 2017 година, кога работеше во три училишта во Карпош, по повод Меѓународниот ден на учителот доби признание „Просветен работник на годината за постигнати врвни резултати во остварувањето на целите и задачите на воспитно-образованата дејност за учебната 2016/2017 “.

Ново на Сител
-

Кај кавадарчанец пронајдена дрога и пари при претрес на „Тиквешки гроздобер“
-

Полицијата приведе маж од Македонски Брод осомничен дека предизвикал пожар
-

Американските пратеници му презентирале на Путин нови идеи за прекин на војната во Украина
-

Не стивнуваат пожарите во Албанија, вчера регистрирани 21, активни 11 пожари
-

Од 15 до 30 минути се чека на Богородица за излез од земјава
-

Новиот изглед на Трамп предизвика реакции на социјалните мрежи
-

ЦУК: Активни се пет пожари во неколку општини
-

Сончево и топло со температури од 30 до 37 степени
