Директорите на ФЗО се сретнаа со делегација на Фондот за здравство на Црна Гора
Директорите на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев и Орхан Рамадани денеска се сретнаа со претставници на делегацијата на Фондот за здравство од Црна Гора.
Работната средба, соопштија од ФЗО, се одржа на иницијатива на Фондот за здравство на Црна Гора, чии претставници изразија интерес да добијат попрецизен преглед и информации за реформите во македонскиот здравствен систем, особено реформите во надлежност на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
На средбата беше разменето искуство меѓу стручните лица и делегацијата на Фондот за здравство на Црна Гора, со посебен осврт на македонските искуства во реализацијата на проектите на Светската здравствена организација во врска со националните здравствени сметки, плаќањето услуги по моделот на дијагностичко сродни групи ДСГ, кој во нашата земја е воведен од 2009 година, како и набавката на лекови и моделот за договори со приватните здравствени установи. Средбата беше оценета како конструктивна и беше истакнато заемното задоволство од соработката меѓу двата Фонда, при што стана збор и за модалитетите и механизмите за продлабочување на заедничката билатерлна соработка, информираат од Фондот.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен