Дипломецот од Македонија Трендевски доби „Интернационален меч“ од принцот Хари
На традиционалната церемонијална парада на дипломците на Кралската воена академија „Сендхрст“ дипломецот од Македонија Милош Трендевски, потпоручник во македонската армија е прогласен за најдобар од сите меѓународни студенти.
Трендевски доби признание од принцот Хари кој му врачи „Интернационален меч“ за највисоките резултати при школувањето на „Сендхрст“.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска која присуствуваше на церемонијата истакнала дека Република Македонија може да се пофали и гордо да каже дека „нашиот питомецот Милош Трендовски, не само што дипломира на оваа престижна воена академија туку е прогласен за најдобар студент од сите меѓународни студенти во класата“, соопшти Министерството за одбрана.
- Македонија и нејзината Армија се добри онолку колку што се добри нејзините војници, подофицери и офицери. Затоа ќе продолжиме да инвестираме во знаењата, во обуките, во можностите за дообразование во и надвор од Македонија. И на овој начин, со овие успеси, докажуваме дека нашата Армија може да се носи со армиите на земјите-членки на НАТО, и оти местото на Македонија е во НАТО. Тоа е нашата стратешка цел, за чие остварување ни се потребни пријатели, поддржувачи. И, нив тука во Британија ги имаме на највисоко ниво, истакнала министерката Шекеринска.
Трендевски пред да замине на дошколување во Сендхрст, дипломирал на воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје.
На церемонијалната парада која оваа година се одржува 185. пат, студентите редовно ги поздравува и претставник на британското кралско семејство. Првата церемонијална парада била одржана на 14 јули 1948 година, пред кралот Џорџ Шести. Парадата се одржува три пати годишно
Ново на Сител
-

Труп на човек пронајден во Вардар кај Демир Капија, телото на обдукција
-

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“
-

Јаневска: Од понеделник законот за високото образование ќе оди во владина процедура, сите контруктивни забелешки се или ќе бидат прифатени
-

Променливо облачно и потопло време до средината на следната седмица
-

Мицкоски: Исполнети се условите да ги намалимe aкцизитe зa дизeлoт зa 4, а на бензините за 2 денара по литар
-

Герасимовски во посета на збратимената општина Стари Град, Белград, во фокус култура, спорт и образование
-

УЈП апелира да се користат само нејзините официјални насоки за проектот е-Фактура
-

Кај 68 годишник од Струмица пронајдени 50 грама кокаин
